Дома Фудбал Италија Oфицијално: Јувентус – Интер без публика!

Oфицијално: Јувентус – Интер без публика!

Во Серија А изминатиот викенд беа одложени неколку натпревари поради стравот од ширење на коронавирусот, овој викенд ќе направи и проблеми во наредното коло.

Прво беше најавено дека натпреварите ќе бидат одложени, но потоа раководството на Серија А испрати барање натпреварите да се играат, но пред празни трибини. Тоа барање беше одобрено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сите натпревари кои ќе се играат наредниот викенд ќе бидат одиграни пред празни трибини, вклучувајќи го и дербито кое многу може да реши во трката за титулата Јувентус и Интер.

Исто така, УЕФА не сакаше да го одложи натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец, па и тој натпревар кој е закажан за во четврток ќе се игра без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија сонува за триумф против Данска во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Данска во Копенхаген во полуфина…