Дома Фудбал Италија Oфицијално: Претставена топката со која ќе се игра во Серија А

Oфицијално: Претставена топката со која ќе се игра во Серија А

За викендот започнува новата сезона во италијанското првенство. Официјално новата сезона во Серија А се отвара на „Енио Тардини“ со натпреварот помеѓу Парма и шампиониот Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Енио Тардини“ ќе „дебитира“ и новата топка за Серија А.

Имено, „Најк“ спреми нов модел „Мерлин“ топка за италијанскиот шампионат, а интересен е дизајнот кој во главно наиде на одобрување кај љубителите на фудбалот ширум Апенините.

Серија А новата топка ја претстави на своите официјјални профили на друштвените мрежи.

Веднаш после натпреварот помеѓу Парма и Јувентус љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат и во едно дерби помеѓу Фиорентина и Наполи. Ние се надеваме дека Наполи во овој натпревар ќе дебитира Елиф Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Депај се налути: Некои луѓе одлучија да го прекршат договорот!

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај го обвини Коринтијанс за „неприфатливо однесување“ и крш…