Манчестер Јунајтед и официјално го потврди трансферот на Хари Мегваер.
Овој одличен дефанзивец треба да претставува големо засилување во одбраната на Манчестер Јунајтед.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мегваер со Јунајтед стави потпис на шестгодишен договор со опција истиот да биде продолжен на уште една година.
„Пресреќен сум што потпишувам за ваков клуб. Уживав играјќи за Лестер и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, како и на навивачите за големата поддршка во изминатите две сезони. Кога Манчестер Јунајтед тропна на мојата врата тоа беше неверојатна прилика. Многу сум возбуден поради визијата на клубот. Сакам да освојувам трофеи“, изјави Мегваер.
Овој трансфер на Мегваер претставува нов светски рекорд за дефанзивец – 93 милиони евра.