Дома Топ вести Oфицијално: Вејн Руни се враќа во Англија!

Oфицијално: Вејн Руни се враќа во Англија!

Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни на почетокот на 2020 година ќе се врати во Англија.

Руни денес се договори за соработка со Дерби Каунти кој се натпреварува во Чемпионшип. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша договор до летото 2021 година со пција истиот да го продолжи на уште една сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој на Дерби ќе му се приклучи во јануари наредната година и ќе ја има улогата на играч-тренер. На тој начин полека ќе влегува во светот на тренерските води за да се припреми за тренерска кариера.

Руни во овој момент е член на Ди-Си Јунајтед во МЛС лигата и кога ќе заврши сезоната ќе се врати во Англија.

Во досегашниот дел од сезоната Руни во МЛС одигра 23 натпревари постигна 11 голови и додаде шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…