Дома Останати Тенис Oфицијално: АТП го казни Вимблдон!

Oфицијално: АТП го казни Вимблдон!

Светската тениска асоцијација (АТП) застана на страна руските и белоруските тенисери и ги казни организаторите на Вимблдон.

АТП одлучи да го одзеде статусот на култуниот Вимблдон поради одлуката да не дозволи тенисери од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на турнирот. Имено, од АТП стигна порака до сите тенисери дека нема да заработат бодови од настапот на овогодинешниот Вимблдон.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Одлуката на Вимблдон да забрани настап на Русите и Белорусите го турка нашиот принцип и интегритет. Не гледаме друга опција освен да ги тргнеме бодовите на Вимблдон од АТП листата за 2022 г одина. Нашите правила се тука за да ги заштитат играчите“, порачаа од Светската тениска асоцијација

Освен Вимблдон ваква казна заработија и останатите турнири во Обединетото Кралство, нема да се впишуваат бодови и од турнирот во Квинс и Истборн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ поразен три дена пред стартот на Вимблдон

НОВАК ЃОКОВИЌ не го имаше најдобриот можен вовед пред настапот на Вимблдон, третиот Гренд …