Со заминувањето на легендарниот Рикардо Кака и официјално се „пензинираше“ незаборавниот тим на Милан.
Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо екипа на која денес после 12 години со носталгија се сеќаваат сите фудбалски фанатици.
?? Every player from this iconic AC Milan side has now officially retired…
❌ Dida
❌ Cafu
❌ Stam
❌ Nesta
❌ Maldini
❌ Pirlo
❌ Gattuso
❌ Seedorf
❌ Crespo
❌ Shevchenko
❌ KakaLegends ?? pic.twitter.com/W3AmE4vJ2V
— FourFourTweet (@FourFourTweet) December 19, 2017
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега човекот кој го доведе во Милан од Сао Паоло, за само 6.8 милиони евра, Ариедо Браида зборуваше за Кака и очекувањата, но и откри интересни детали од минатото.
„Повеќе го гледам како некој кој ќе работи во клубот, но не како тренер. Имам посебен однос со него и можам да кажам дека е навистина ителегентно момче. Горд сум што го доведов и тоа за многу мала сума. Го следевме, имаше некои проблеми кои ги искористивме и добивме фантастичен фудбалер“.
Браида откри и дека Кака можел да стане првиот фудбалер кој ја надминал границата од 100 милиони евра.
„Вистина е се беше договорено со Сити, кој тогаш понуди рекордни 105 милиони евра. Но Кака го одби тој трансфер, а после четири месеци премина во Реал Мадрид. Тој во тие моменти можеше да биде најскапиот фудбалер во историјата“, потврди Браида.
#Braida: “@KAKA era stato ceduto al #ManchesterCity per 105 milioni” https://t.co/oeYVwvuo20
— SpazioMilan.it (@SpazioMilan) December 19, 2017