Од следната сезона познатиот германски спортски бренд Кемпа ќе биде официјален клупски партнер за спортска опрема на Вардар. Договорот меѓу Вардар и Кемпа денеска беше потврден со присуството на Тим Гротхаус, главниот за спонзорства во Кемпа на прес конференција во Скопје.
Соработката меѓу 15-кратниот првак на Македонија и двоен европски првак, и германскиот бренд е на три години, и сите категории во клубот, од најмладите категроии во клубот, до сениорскиот тим, сите ќе ја носат опремата од брендот Кемпа. Истото се однесува и за топките со кои ќе игра Вардар во следните сезони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чест и задоволство е што успеавме да споиме два бренда во една соработка. Соработката со Кемпа носи многу за Вардар. Ова е тригодишен договор, пријателски, спонзорски, и на долги патеки соработка. На изглед носи соработка која ќе биде како додадена вредност, изјави Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.
Германскиот бренд верува дека со Вардар ќе имаат успешна и долгорочна соработка. Тие соработуваат со повеќе ракометни репрезентации кои играа на последното ЕП во Германија, и со повеќе тимови од Бундеслигата и во други земји.
„Осообено ми е драго и чест што можеме денеска да ја потврдиме нашата соработка со најдобриот македонски ракометен и спортски бренд Вардар. Во следните години Кемпа ќе биде официјалниот снабдувач со спортска опрема на Вардар, за сите нејзини членови, од најмладите , па се до сениорскиот тим, и истовремено дел од клупските пријатели.
Среќни сме што Вардар влегува во семејството на Кемпа. Верувам дека нашата соработка ќе биде долгорочна и плодна, исполнета со многу успеси на кои заеднички ќе се радуваме. Нашата визија да бидеме со најдобрите и да се прошируваме на нови места, ни се исполни со оваа соработка со Вардар, изјави Тим Гротхаус.