Дома Кошарка Грин направи хаос против Финикс: го собори Малуач, па го фати Брукс за врат!

Грин направи хаос против Финикс: го собори Малуач, па го фати Брукс за врат!

Грин направи хаос против Финикс: го собори Малуач, па го фати Брукс за врат!

Две технички грешки и крај на натпреварот за Дрејмонд Грин. Кошаркарот на Голден Стејт беше исклучен против Финикс по инцидент во кој најпрвин го собори Каман Малуач, а потоа го фати Дилон Брукс за врат.

Тензијата се разгоре на стартот од третата четвртина. По контактот со младиот центар на Санс, Грин се најде на паркетот. Неговата следна реакција, меѓутоа, предизвика мешаница: со двете раце го запре Малуач и го собори на подот.

Брукс веднаш тргна да го заштити соиграчот и му се внесе в лице на кошаркарот на Вориорс. Наместо ситуацијата да се смири, следуваше нов спорен потег на Грин, кој го фати противникот за врат. Реагираа и играчите на Финикс, но инцидентот сепак не прерасна во поголема пресметка.

Судиската одлука значеше исклучување за Грин — му беа досудени две технички грешки, со што неговиот настап заврши уште во почетниот дел од третата четвртина. Без санкција не помина ниту Брукс, кој доби една техничка грешка.

Снимката од спорната ситуација ја објави и ЕСПН, со информацијата дека Грин е исклучен по двете технички грешки.

Фото: Telegraf

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Симиќ веднаш се наметна во Тексас Арлингтон: 16 поени и скок до дабл-дабл

Теодор Симиќ ја почна колеџ-кариерата со 16 поени и девет скока во победата од 89-56 над Н…