Дома Фудбал Oд „ЕСПН“ јасни: Звезда покажа што ќе изгубиме со формирање на Суперлига

Oд „ЕСПН“ јасни: Звезда покажа што ќе изгубиме со формирање на Суперлига

Сензацијата која ја направи вчера Црвена Звезда против Ливерпул денес е главна тема во сите спортски медиуми, а анализа на овој натпревар имаше и американски „ЕСПН“.

Звезда која скоро и да беше отпишана пред натпреварот и ретко кој веруваше дека можат да излечат реми, а не пак победа, уште еднаш покажа дека во фудбалот непобедливи нема.

„Звезда волку важен натпревар не победила уште од 1991 година кога го победија Бари во финалето од Лигата на шампионите. Сите на стадионот од почетокот до крајот го бодреа својот клуб и веруваа дека можат да го повторат успехот од пред 45 години (Звезда го победи Ливерпул со 2:1). Вакво нешто кое еднакво на спектакл не би можеле да видиме доколку големите клубови од Шпанија, Италија, Англија, Германија и Франција формираат Суперлига“, тврдат од ЕСПН.

Иако се уште за Звезда е навистина тешко бидејќи играат против Наполи и ПСЖ, српскиот клуб ако се гледа бодовната состојба на табелата има шанси за поминување во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо го притиска Хајдук: Оршиќ се враќа, Ковачевиќ подготвува промени

Динамо гостува кај Рудеш со бод помалку и натпревар помалку од лидерот Хајдук, а европскит…