Дома Македонски спорт Мак баскет Oдлична Македонија: Норвешка ја испративме со убедлива победа!

Oдлична Македонија: Норвешка ја испративме со убедлива победа!

Mакедонската кошаркарска репрезентација славеше убедлива победа против Норвешка во Гевгелија со 58:36.

Гостите од Скандинавија беа достојни противници само во третата четвртина која заврши со 11:11. Во последната Македонија рутинирано ја одбрани победата за конечни 58:36.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бојан Крстевски беше одличен во нашите редови со дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови, 14 поени постигна и Војдан Стојановски. Во вториот натпревар од нашата група Словачка тесно ја победи Данска со 74:70.

Македонија засега во групата со максимални три победи во три натпревари е лидер во групата и имаме одлични шанси да се пласираме во главните квалификации. В недела кошаркарите ги очекува нов натпревар против Данска, дуелот е закажан од 19:00 часот исто така во Гевгелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…