Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски и оваа недела напредуваше на АТП листата и тоа многу повеќе од минатата. Од денес Калин 504. тенисер во светот и со тоа напредуваше за дури 30 позиции.
Во последните две недели Ивановски настапи на два турнири во Монастир, Тунис. На првиот стигна до финалето, а на вториот до полуфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на формата со која игра многу очекувано е Ивановски да напредува и под тоа 500-тото место. Треба да се нагласи дека ова 504-то место е негов најдобар пласман во кариерата.
На врвот и оваа недела Ѓоковиќ е лидер, потоа следат Карлос Алкараз и Стефанос Циципас.