Вчерашниот натпревар помеѓу Вотфорд и Арсенал (0:1) беше 33-та во низа во Премиер лигата која не завршила со реми, што е нов рекорд од кога најсилната англиска конкуренција го носи тоа име.
Од 335 натпревари оваа сезона само 58 завршиле без победник, односно 17.13% проценти. До крајот на сезоната има само уште четири кола и веќе е јасно дека ова ќе биде сезона со најмалку нерешение натпревари од основањето. Последното реми го одиграа Бурнемоут и Њукасл (2:2) пред точно еден месец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен тоа доколку денес заврши сезоната би влегла во топ 10 првенства во историјата на англискиот фудбал со најмалку нерешени натпревари.
Навистина волку малку нерешени натпревари немало многу одамна на Островот.
all-time lowest seasons for draw%. The Victorians really hated things being level (except viaducts) pic.twitter.com/xI0gz0WCw4
— Duncan Alexander (@oilysailor) April 16, 2019