Борусија Дортмунд синоќа ремизираше во Берлин на гостувањето против Херта (1:1), а повторно во составот на Милионерите не го имаше одличниот Пјер-Емерик Обамејанг.
Габонецот го пропушти и натпреварот од минатото коло, откако беше суспендиран поради недисциплина, а управата на германскиот гигант одлучи да го изостави за натпреварот против Херта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, веќе некое време се пишува за тоа дека напаѓачот е на чекор до Арсенал. Управата на Дортмунд синоќа сепак изјави дека понудата се уште не пристигна, како и тоа дека сметаат на него во следните натпревари, доколку нешто не се промени.
Сепак, Обамејанг синоќа ги изненади сите кога играше фудбал со друштво додека Милионерите играа во Берлин. Интересно е тоа што на терминот со пријателите се појави во дрес на поранешниот соиграч, Осман Дембеле, кој минатото лето ја засили Барселона.
Aubameyang played with friends wearing Dembele shirt who forced his way out of Dortmund pic.twitter.com/dLXhz5J5xG
— Osman (@OsmanZtheGooner) January 19, 2018