Пред заминувањето за Лисабон Атлетико објави дека има двајца заразени членови со коронавирус, потоа беше откриено дека станува збор за фудбалери, а сега се познати и имињата на игачите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На почетокот не се знаеше дали станува збор за играчи или луѓе од стручниот штаб, меѓутоа сега е познато за кого станува збор. Заразени со коронавирус од Атлетико биле Анхел Кореа и дефанзивецот Шиме Вршаљко.
Двјацата биле позитивни на тестирањето направено во саботата и се ставени во изолација. Според протоколот и правилата тие нема да можат да играат на завршницата од турнирот во ЛШ.
Ќе потсетиме Атлетико во четвртфиналето од ЛШ го чека дуел против Лајцпиг.