Дома Фудбал Oва е скапоцениот Мекларен поради кој Баерн го казни Коман (ФОТО)

Oва е скапоцениот Мекларен поради кој Баерн го казни Коман (ФОТО)

Раководството на Баерн Минхен неодамна најави дека ќе ги казни сите фудбалери кои не возат автомобили кои клубот ќе им ги даде на користење.

Баерн од 2006 година има соработка со „Ауди“, овој автомобилски гигант има нешто повеќе од 8% од акциите на клубот и поради тоа сите фудбалери на клубот се должни да ги возат автомобилите на овој произведувач.

Меѓутоа, Кингсли Коман го прекрши правилото и вчера на тренингот на Баерн се појавил со Мекларен. Тоа скапо ќе го чини. Казната за играчите кои не возат Ауди е 50.000 евра.

Медиумите сега се потрудија да најдат и фотографија од Мекларенот за кој Коман заработи казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле сака повторно со Тони: Њукасл подготвува јануарски потег?

Иван Тони е меѓу напаѓачките цели на Њукасл за зимскиот преоден рок, а Матијас Јајсле наво…