Дома Фудбал Новото засилување на Милан се повреди

Новото засилување на Милан се повреди

Новото засилување на Милан, Никлас Фюлкруг, има скршен прст и ќе отсуствува некое време од терените, информираат локалните медиуми.

Досега тој има одиграно само 106 минути во Серија А. Германскиот централен напаѓач пристигна на позајмица со опција за откупување од Вест Хем на 2 јануари и дебитираше во победата против Каљари со 1:0. Се појави од клупата во натпреварот без победник 1:1 против Џенова на „Сан Сиро“ и беше стартер против Фиорентина во текот на викендот. Информациите кажуваат дека токму на крајот од натпреварот против „виолетовите“ Фюлкруг ја добил повредата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сѐ уште не е јасно колку долго ќе биде надвор од терените германскиот напаѓач, но според локалните медиуми, ќе ги пропушти следните неколку недели. Германецот сигурно нема да биде на располагање на Масимилијано Алегри за натпреварите против Комо и Лече оваа недела. Италијанскиот стратег ќе треба да се справува и без Сантиаго Хименес и Рафаел Леао, кои исто така се лечат од повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…