Дома Фудбал Aморим се сретнал со Фергусон – добил и важен совет!

Aморим се сретнал со Фергусон – добил и важен совет!

Младиот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим имал необична средба пред неделниот дуел против Брајтон со иконата на „Црвените Ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон, кој присуствуваше на премиерлигашкиот натпревар на неговиот поранешен клуб на „Олд Трафорд“.

Вчерашниот натпревар на манчестерскиот гигант помина во знакот на покојниот Денис Ло, еден од најзначајните фудбалери во историјата на Јунајтед, а Фергусон дојде во таа чест на стадионот и успеа да се сретне со Аморим пред дуелот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По мечот во кој Јунајтед беше поразен од Брајтон со 3:1, Аморим пред новинарите зборуваше за средбата со Фергусон, пренесувајќи дека трофејниот стратег му рекол да остане позитивен.

Ваков тип зборови можеби немаат соодветна тежина кога се гледаат одделно од Фергусон, но ако го земеме предвид кој ги кажал, сигурно е дека биле кажани во вистинско време и на вистинско место.

Иако е безобразно и премногу дрско во оваа фаза да се споредуваат Фергусон и Аморим, почетните позиции на Фергусон и Аморим се многу слични, па можеби споменатата средба во иднина ќе добие поголемо значење отколку што сега му се придава.

Фергусон, како и Аморим, пристигна во Јунајтед во ноември, кога веќе беше јасно дека сезоната е изгубена и дека дури и најмалиот напредок ќе биде поздравен со одушевување.

Трофејниот тренер во дебитантската сезона 1986/87 го водеше Јунајтед на 11. место, додека генерацијата водена од Аморим моментално е две позиции пониско рангирана со ист толкав заостаток колку што има Брентфорд.

Иако стартот на Аморим беше подобар од Фергусон, Алекс дури во третиот меч стигна до победа, впечатокот е дека Шкотот далеку подобро се снаоѓаше како што одминуваше сезоната, додека Португалецот се мачи и по два месеца од доаѓањето во клубот.

Ова го потврдува фактот дека веќе сега е поразен седум пати, додека Фергусон во воведната сезона загуби осум натпревари.

Јасно е дека шок-терапијата на Јунајтед со Аморим не успеа, но долгорочно гледано можеби да им се„случи“ нов Фергусон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…