
Прославата на титулата на Ливерпул доби драматичен пресврт кога 53-годишен маж со автомобил се залета во група навивачи кои славеа на улиците на градот. Инцидентот се случил ненадејно, при што возилото поминало низ гужвата, предизвикувајќи паника и повреди.
Полицијата реагирала веднаш и успеала да го приведе возачот на лице место. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности и можните мотиви зад ваквиот чин, кој фрли сенка врз радоста на илјадници фанови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од клубот Ливерпул реагираа преку официјално соопштение на социјалните мрежи, изразувајќи длабоко жалење за настанот и сочувство до сите кои биле погодени од инцидентот.
Фото: Принтскрин