Дома Фудбал Нови проблеми за Пикси: Му откажаа две големи ѕвезди – не сакаат да играат за Србија

Нови проблеми за Пикси: Му откажаа две големи ѕвезди – не сакаат да играат за Србија

Никако да престанат проблемите за Србија и за нејзиниот селектор Драган Стојковиќ Пикси.

Сите во Србија се надеваа дека ќе се израмнат некои работи и дека Србија ќе биде во најсилен можен состав во следниот период, но очигледно тоа нема да биде случај.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Браќата Милинковиќ-Савиќ одбија да играат за Србија и ниту еден од нив двајцата не е на списокот на селекторот Драган Стојковиќ.

Редовно двајцата играат за своите клубови, но решија да го одбијат повикот на селекторот Стојковиќ и да не се појават на собирот.

Според медиумите од Србија, наводно Сергеј Милинковиќ-Савиќ Пикси го повикал на разговор, но не успеал да го убеди да се врати и да игра за националниот тим.

За Србија, Милинковиќ-Савиќ одигра 54 натпревари и постигна девет голови, но по Европското првенство во Германија повеќе не играше за репрезентацијата.

Стојковиќ тогаш донесе одлука дека е време за подмладување на репрезентацијата, но очигледно во меѓувреме се премисли.

Така се обиде да го врати Милинковиќ-Савиќ во репрезентацијата, но не му успеа тоа да го направи.

Репрезентацијата на Србија ќе се собере на 17 март, а првиот натпревар ќе го одигра три дена подоцна во Австрија.

Реванш натпреварот ќе се одигра три дена подоцна во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постекоглу: Не ми е гајле што мислат во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, бурно реагираше на прашањето на новинарот на прес-…