
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија, каде што од 18 јануари до 1 февруари ќе се бори за нов трофеј на својот омилен гренд слем турнир.
Новак го одработи првиот тренинг во Мелбурн и на своите противници им испрати јасна порака – дојде да испише нови страници од историјата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ изгледаше одлично на теренот, тренираше со чешкиот тенисер Јиржи Лечечка, а кога влезе на теренот, го видовме неговиот стандарден ритуал. Ја допре бетонската површина, а потоа ја стави раката на срцето.
🚨 Breaking : Novak Djokovic has arrived at the Australian Open!!
— SK (@Djoko_UTD) January 13, 2026
King of Rod Laver Arena is back 🐐pic.twitter.com/WwjXAswVkN