![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/amorim-1-812x491.jpg)
Манчестер Јунајтед се наоѓа во многу тешка ситуација кога се во прашање резултатите, па тие околности можат да доведат до тоа Рубен Аморим да направи целосна реорганизација на тимот на лето.
Нешто такво може да се насети, а почнува од напаѓачот каде што португалскиот стратег би сакал нова „деветка“.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Расмус Хојлунд дојде како важно засилување, меѓутоа Јунајтед нема време да го чека да почне да се прикажува во најдобро светло.
Поради тоа „Црвените ѓаволи“ веќе на лето би можеле да го продадат Данецот по две години во клубот, а цената веќе е определена.
Јунајтед би бил задоволен со понуда од 40 милиони фунти за данскиот напаѓач. Дали е тоа малку или многу, е прашање, а дефинитивно е дека клубот од „Олд Трафорд“ сака стрелец кој може да постигнува голови континуирано. Како дестинација за Хојлунд се споменува Јувентус.