
Загребскиот Динамо се согласи на трансферот на 16-годишниот Португалец, Кардос Варела, во Барселона, пренесува порталот 24sata.hr.
Динамо веднаш ќе добие 5 милиони евра, а дополнителни 20 милиони ќе пристигнат преку бонуси, додека клубот ќе задржи 20 проценти од идниот продажен трансфер на играчот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Иако Варела ќе стане играч на Барселона, тој ќе остане во Загреб и оваа сезона играјќи под раководство на новиот тренер Марио Ковачевиќ.
Младиот Португалец само оваа зима се приклучи на првиот тим на Динамо, но веќе привлече внимание од големите клубови.
Одлучувачки беше неговиот впечаток, кој веднаш ја заинтересира Барселона и тие пристапија кон трансферот преку агентот Енди Бара.
Првичната идеја беше Варела веднаш да се пресели во Б екипата на Барселона, но бидејќи таа тим изгуби место во третата лига, решено е најдобро е тој да остане уште една година во Динамо и да напредува.
Варела игра на позициите крило и офанзивен везен играч, а во Динамо пристигна оваа зима од Академијата на Порто.