
Мануел Ноер, голманот на Баерн Минхен, ќе одлучи во март или април дали ќе го продолжи договорот со клубот. Моменталниот договор на 39-годишниот германец со германскиот шампион важи до крајот на јуни 2026 година.
Како што нагласи легендарниот ветеран, треба да процени како неговото тело ќе одговори на сите предизвици.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Позитивно сум настроен, но сакам да видам како ќе се одвиваат следните неколку месеци. Сакам да играм добро и до крајот на март или април ќе донесам одлука. До тогаш ќе знам колку натпревари сум одиграл и како се чувствува моето тело. Покрај тоа, ќе имам 40 години. Морам да решам дали вреди да останам и дали сум комплетно посветен. Имаме добри односи со раководството на клубот, ќе видиме дали тие ќе се продолжат – изјави чуварот на мрежата за германскиот “Скај”.
Во ноември, Баерн Минхен објави дека ќе му понуди на Ноер продолжување на договорот. Германецот е во тимот од јули 2011 година. Во сезоната 2025/26, голманот одигра 20 натпревари во сите натпреварувања, прими 21 гол и одржа шест „чисти мрежи“.