Дома Фудбал Ништо од С. Арабија: Грилиш го напушта Манчестер, но останува во Англија!?

Ништо од С. Арабија: Грилиш го напушта Манчестер, но останува во Англија!?

Уште во 2021 година, Манчестер Сити го купи Џек Грилиш за 117,5 милиони евра и тоа тогаш беше рекорд за тимот од „Етихад“. Но, Англичанецот со време целосно изгуби форма и сега претежно влегува од клупа.

Грилиш пристигна како најголемото засилување за Сити по одличните настапи во дресот на Астон Вила и го доби бројот 10, но не се наметна како еден од најдобрите играчи и сега се сè поголеми шансите да го промени клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според пишувањето на британските медиуми, Тотенхем многу е заинтересиран за услугите на Грилиш, а можниот трансфер Англичаните го нарекоа „шокантен“.

Како што тврди поранешниот играч на Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест, Стан Колимор, Грилиш ќе изненади со трансфер на крајот од сезоната, а тоа навистина може да го направи доколку потпише за противникот од северниот Лондон.

Се споменуваше дури и Саудиска Арабија, но Грилиш нема намера да замине од Островот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…