
Во Германија се водат жестоки дебати околу семејството Белингам. Слабиот почеток на сезоната на 20-годишниот Џоб, братот на фудбалерот на Реал Мадрид, и конфликтот меѓу татко му на фудбалерот и спортското раководство на Дортмунд, го ставаат во фокусот на вниманието и предизвикуваат проблеми за тренерот Нико Ковач, пишува Ас во текстот насловен “Белингам-младиот. Нередот расте.”
Откако пред неколку недели се дозна дека има расправија меѓу Марко, таткото на играчот, и Себастијан Кел, спортски директор на германскиот клуб, ситуацијата дополнително се комплицираше. Во дербито со Баерн тој остана на клупата, далеку од очекувањата поставени кога беше доведен со голема фама на крајот од минатата сезона, пред Светското клупско првенство.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Влезе во Der Klassiker и неговата грешка дведе до втор примен гол. Потоа не успеа да помогне екипата барем да извлече нерешен резултат. Неговиот настап беше скромен и навивачите веќе го гледаат со критичко око.
Критиките толку се засилија што дури и противнички играч, неговиот сонародник Хари Кејн, застана во негова одбрана. “Тоа беше тешка ситуација за него. Се обиде да ја пренесе топката, но Олесе одлично реагираше и му ја зема. Штета, но мора да се продолжи понатаму и напорно да се работи,” рече тој.
Џоб Белингам, помладиот брат на Џуд Белингам, фудбалер на Реал Мадрид, е еден од најталентираните англиски средни играчи на својата генерација. Роден е на 23 септември 2005 година во Стаурбриџ, а неговата фудбалска кариера ја започна во Бирмингем Сити, истиот клуб кадешто растеше и неговиот постар брат.