Дома Фудбал Останато Незапаметен инцидент во Белград: ММА борци бркаа напаѓач, па го претепаа (Видео)

Незапаметен инцидент во Белград: ММА борци бркаа напаѓач, па го претепаа (Видео)

Неверојатни сцени се случија вчера во Белград. 35-годишен маж влезе во ММА сала и ги испрскал борците со солзавец, по што добил жестоки тепачки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мажот Ненад Д. (35) беше брутално претепан од страна на српските ММА борци, меѓу кои беше и добро познатиот Марко Бојковиќ.

35-годишниот вчера околу 18 часот влета во позната белградска сала во центарот на Белград. Почна да вика и да се заканува со нож на ММА борците кои се најдоа таму, а потоа ги испрска со солзавец.

По нападот, Ненад Д. се даде во бегство. Борците тргнаа по него, и настана комплетен хаос.

Напаѓачот проба да се скрие во продавница за часовници, но тие го пронајдоа и потоа беше брутално претепан. Меѓу тепачите беше и познатиот српски борец Марко Бојковиќ.

Првично беше пријавено дека група млади претепуваат работник од продавницата, но со пристигнувањето на полицијата сите факти беа утврдени.

„Тој ги испрскал со солзавец, по што тргнаа по него. Го достигнаа по неколку стотини метри, а тој втрча во продавница обидувајќи се да се спаси. Борците втрчаа по него и тогаш настана хаос“, се наведува.

Ненад Д. продолжи да ги прска борците со солзавец, а тие потоа го претепаа со стапови, тупаници и нозе.

Покрај една од најголемите српски ѕвезди Марко Бојковиќ, учествуваше и неговиот тренер Иван Ѓорѓевиќ – Ицко.

Видеото може да се погледне ТУКА.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …