Дома Фудбал Неверојатно: Италијанските фудбалери барале пари пред натпреварот со БиХ?!

Неверојатно: Италијанските фудбалери барале пари пред натпреварот со БиХ?!

Италијанските репрезентативци побарале исплата на премија од 300 илјади евра пред решавачкиот натпревар од плејофот за Светското првенство против Босна и Херцеговина, објави La Repubblica. Се работело за износ од околу 10 илјади евра по играч, што ќе се распределеше во случај на пласман на Мундијалот. Барањето било поставено пред финалето на плејофот во вторник, каде што Италија на крајот загуби.

Сепак, селекторот Џенаро Гатузо, наводно, ги одвратил играчите од понатамошни преговори со Италијанската фудбалска федерација. Тој инсистирал дека може да се разговара за бонусите само откако ќе биде обезбедено местото на Светското првенство, а не пред клучната средба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На крајот, Италија го загуби финалето против Босна и Херцеговина по пенали, што во петок доведе до оставката на Гатузо. Ова е трет пат по ред италијанската репрезентација да не се квалифицира за Светското првенство. По новиот неуспех, оставки поднесоа и претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, како и шефот на делегацијата, Џанлуиџи Буфон.

Италијанскиот весник додава дека играчите по поразот се обиделе да го убедат Гатузо да остане на чело на репрезентацијата, но тој тоа го одбил

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајорка го шокираше Реал Мадрид, Муриќ го урна „кралот“ во 92 минута! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа вистински шок пораз од тимот на Мајорка со резултат 2:…