Дома Фудбал Неверојатна вест од Англија: Чаби Алонсо се враќа на терените порано од очекуваното?

Неверојатна вест од Англија: Чаби Алонсо се враќа на терените порано од очекуваното?

Хаби Алонсо може повторно да се врати во тренерските води многу порано од очекуваното, доколку ја прифати понудата што ја доби.

Англиските медиуми известуваат дека вчера Хаби Алонсо доби повик од раководството на Ливерпул кои го „замолиле“ да ја намали својата пауза од фудбалот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Секако, причината е јасна, тие сакаат Алонсо што побрзо да го замени Арне Слот на клупата на овој клуб.

Иако Стивен Џерард се надеваше дека би можел да добие позиција како привремен тренер, раководството на Ливерпул не е за таа опција.

Притисокот врз Слот расте секој ден, поради многу слабата форма на Ливерпул по освојувањето на титулата во Премиер лигата минатата сезона.

Алонсо е личноста што раководството на клубот од Енфилд ја сака на својата клупа и сакаат да дојде што побрзо.

Англиските медиуми известуваат дека претходно овој месец управата на Ливерпул ја донела одлуката дека сакаат само Хаби Алонсо.

Иако порано се зборуваше дека Ливерпул ќе се согласи Алонсо да ја преземе екипата на крајот од сезоната, тоа сега се промени.

Раководството на Ливерпул сака Алонсо да ја преземе нивната екипа уште оваа сезона и тоа што е можно побрзо.

Наводно, утре ќе се одржи уште еден состанок на раководството на Ливерпул и на луѓето задолжени за доведување на Хаби Алонсо во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…