Дома Фудбал Неверојатна понуда, Сити има осум дена да одговори – Фоден станува најскапиот Англичанец некогаш?!

Неверојатна понуда, Сити има осум дена да одговори – Фоден станува најскапиот Англичанец некогаш?!

Според странските медиуми, Ал Наср планира да го откупи договорот на Фоден и е подготвен да плати дури 130 милиони евра, што би значело дека овој офанзивец би станал најскапиот фудбалер во историјата на својата држава.

Трансфер периодот во Саудиска Арабија трае до 23 септември, така што остануваат уште осум дена за донесување на конечната одлука.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фоден освои награди од Здружението на професионални фудбалери и Здружението на фудбалски аналитичари за најдобар машки играч во сезоната 2023/24, но минатата сезона се мачеше поради повреди и проблеми надвор од теренот.

Сега има шанса да заработи богатство потпишувајќи за Ал-Наср, додека Сити би добил огромни 130 милиони евра, но прашање е дали и самиот играч и клубот се подготвени за тоа?

Изгледа дека тешко ќе дојде до трансферот, бидејќи Гвардиола го смета Фоден за недопирлив. Иако неговата форма минатата сезона беше лоша, менаџерот има целосна доверба во него и го гледа како незаменлив дел од својот план.

За Гвардиола не е важно само што носи на теренот, туку и што претставува за проектот Манчестер Сити: домашен играч кој го симболизира врзувањето меѓу младинскиот систем и меѓународниот успех.

25-годишниот Фоден има пазарна вредност од 100 милиони евра. Со Сити има освоено дури шест наслова во Премиер Лигата, како и титулата во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…