Дома Фудбал Неверојатен момент во Турција: Голман ненамерно удри птица, капитенот ја врати во живот: Ова е поважно од титула!

Неверојатен момент во Турција: Голман ненамерно удри птица, капитенот ја врати во живот: Ова е поважно од титула!

Несекојдневен настан ги одбележа аматерските фудбалски натпревари во Истанбул. Наместо головите, во центарот на вниманието е херојскиот чин и спасувањето на живот среде натпревар.

Фудбалскиот меч во Истанбул беше прекинат заради необичен инцидент – играч успеа да оживее птица откако таа беше случајно погодена од топка. Сето ова се случи за време на финалето на плеј-офот на Првата истанбулска аматерска лига, каде што се соочија екипите Мевланакапи Гузелхисар и Истанбул Јурдум Спор, со цел влез во повисок ранг.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во 22-та минута, голманот на Истанбул Јурдум Спор, Мухамед Ујаник, ја исфрли топката од својот казнен простор. За жал, топката во својот лет удри една птица која веднаш падна на тревата. Подоцна, Ујаник призна дека во прв момент не сфатил што се случило, сè додека не се приближил до птицата. Како што кажува, бил во шок и длабоко потресен бидејќи свестувањето дека станува збор за живо суштество го погоди.

Сепак, херој на денот беше капитенoт на тимот Гани Чатан. Тој прв се приближи до повредената птица и забележа дека не даваше знаци на живот. Инстинктивно започна со ракреација, односно масажа на срцето. Чатан објасни дека процесот траел околу две минути и дека не сакал да се откаже додека не забележа дека птицата ги мрда нозете и очите. Брзо потоа, чајката почнала да се враќа во живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите жестоко нападнаа ѕвезда на Манчестер Јунајтед, имаат едно барање од Керик

Навивачите на Манчестер Јунајтед издвоиле еден играч и покрај тоа што нивниот тим синоќа с…