Дома Фудбал Нема да жали премногу: Еве колкава оштета ќе добие Бјелица за отказот во Динамо

Нема да жали премногу: Еве колкава оштета ќе добие Бјелица за отказот во Динамо

Ненад Бјелица вчера доби отказ од загрепскиот Динамо, каде што на неговото место како тренер веднаш го наследи легендарниот Италијан Фабио Канаваро.

Бјелица не се задржа долго на клупата на „Модрите“ во неговиот втор мандат, бидејќи го наследи Сергеј Јакировиќ во септември оваа година.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Неговата епизода на клупата на Динамо беше обележана од лоши резултати во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), но и одлични во Лигата на шампионите, каде Модрите се во борба за нокаут фазата.

Хрватските медиуми пишуваат дека Бјелица по добиениот отказ ќе добие висока оштета од Динамо. Имено, 24sata.hr пишуваат дека во неговиот договор постоела клаузула според која „Модрите“ мораат да му исплатат отпремнина во висина од 12 месечни плати во случај на отказ.

Месечната плата на Бјелица изнесувала 100.000 евра, а тоа значи дека искусниот стручњак ќе добие отприлика 1,2 милиони евра отпремнина.

Интересно е дека Бјелица со осум освоени бодови во Лигата на шампионите на Динамо му донесе 5,6 милиони евра, па затоа исплата на отпремнината за клубот од „Максимир“ сигурно ќе биде олеснета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал подготви 60 милиони евра за најскапиот трансфер зимава

Со почетокот на годината започна зимскиот трансфер период, а изгледа дека најскапиот транс…