Дома Фудбал Нејмар инсистира Анчелоти да биде селектор на Бразил

Нејмар инсистира Анчелоти да биде селектор на Бразил

Нејмар сака да го види Карло Анчелоти на чело на нациoналниот тим на Бразил. Според ESPN, италијанскиот стручњак се смета за главен кандидат за позицијата селектор на петкратните светски шампиони.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Еналдо Родригес, веќе долго време сонува да го назначи Анчелоти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најмалку еден агент и двајца посредници преговараат со синот на тренерот Давиде Анчелоти. Претставници на бразилската фудбалска централа ќе го следат претстојниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кој е финалето за Купот на Шпанија, а Анчелоти може да биде отпуштен од мадридскиот клуб во случај на пораз.

Сè уште нема официјално потврдени информации во врска со преговорите меѓу Бразилската фудбалска конфедерација и Анчелоти.

Се наведува дека напаѓачот на Сантос Нејмар “одблизу ја следи секоја етапа од преговорите” и помага во воспоставување подобар контакт меѓу страните. Тој претпочита да го види Анчелоти на чело на националниот состав, а не Жорже Жезус, под чие водство голгетерот играл во Ал Хилал Ѕвездите на “селесао” Винисиус и Родриго, кои работат заедно со Карло Анчелоти во Реал Мадрид, исто така не го кријат желбата да го видат како селектор на националниот тим на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лион не губи надеж: И да биде исфрлен во понизок ранг, ќе игра во Лига Европа!?

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион соопшти денеска дека успешно го заврши постапката за финанси…