
Еден од најдобрите италијански играчи на средниот ред на сите времиња, Андреа Пирло, изјави дека заминувањето од Милан не било негова желба, туку дека бил протеран од клубот од тогашниот тренер Макс Алегри и спортскиот директор Адриано Галијани.
„Има многу луѓе кои уште мислат дека јас сакав да заминам и тоа ме страшно иритира, бидејќи тоа не е вистина. Сакав да останам во Милан, но не се прашував само јас, Галијани и Алегри ме избркаа. Не стануваше збор за услови, ќе прифатев било што, бев среќен во Милан. Кога се простив од соиграчите, тоа беше еден од најболните и најтажни моменти во мојот живот“, изјави 45-годишниот Пирло за италијанските медиуми.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Иако беше миленик на навивачите, „Росонерите“ не му понудија продолжување на договорот и Пирло како слободен играч во јули 2011 година премина во Јувентус. За „Старата дама“ играше четири сезони, а последните две и пол години ги помина во американскиот Њујорк Сити, каде што во јануари 2018 година ја заврши богатата играчка кариера.
Фото: Juventus.com