
Најдобриот фудбалер на Барселона, 28-годишниот крилен напаѓач од Бразил, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиоd тим за уште една сезона, што значи дека ќе остане во Барса до јуни 2028 година. Оваа вест ја објавија британските медиуми повикувајќи се на реномираниот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој важи за еден од најдобрите извори за фудбалски трансфери.
Бразилскиот репрезентативец, чиишто претходен договор важеше до јуни 2027 година, беше на списокот на желби на Манчестер Јунајтед, кои понудија 70 милиони евра за него. И покрај тоа што Барселона се наоѓа во сложена финансиска ситуација, управата на клубот одлучи дека продажбата на Рафиња не е опција која би ја разгледувале.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Рафиња пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, а оваа сезона постигна 34 гола и 25 асистенции во сите натпреварувања. За Барса има одиграно 143 натпревари и забележано 54 гола и 50 асистенции.
Фото: FC Barcelona/X