Дома Фудбал Не го избрал случајно! Познато зошто Валверде жестоко го нападна играчот на Атлетико (Видео)

Не го избрал случајно! Познато зошто Валверде жестоко го нападна играчот на Атлетико (Видео)

Реал Мадрид синоќа во градското дерби го совлада Атлетико со 3:2, а главната тема беше црвениот картон кој го доби Федерико Валверде во финишот на натпреварот. Сепак, јасно е дека Уругваецот не го стори тоа случајно и дека сите знаат зошто насрна токму врз тој играч на „јорганџиите“.

Уругваецот го „уништи“ Алекс Баена одзади, а судијата без многу размислување му покажа директен црвен картон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако домашните се жалеа на одлуката, промени не се случија и Валверде мораше да го напушти теренот, а според се изгледа дека го чекаат две натпреварувачки суспензии во шампионатот.

Но, на сите им е јасно дека Валверде не го направи тоа случајно и по три години конечно му се одмазди на Баена.

Нивната нетрпеливост започна уште од април 2023 година кога Баена играше за Вилјареал и за време на еден натпревар против Реал го навреди Валверде за неговиот тогаш нероден син, што навистина го погоди Уругваецот.

Валверде по тој натпревар го почекал Баена во тунелот на стадионот и го удри со тупаница во главата, но и три години подоцна одлучи да му даде до знаење дека никогаш нема да му го прости тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…