
Фудбалски натпревар во понизок ранг во Германија изминатиот викенд не можеше ни да започне поради неверојатна причина – судијата за време на проверка на документите го касна дете на играч од домашниот тим!
Натпреварот меѓу тимовите ФК Такси Дуисбург и СВ Рот-Вајс Милхајм, кој беше закажан во Kreisliga C, лига во понизок ранг во Северна Рајна-Вестфалија, беше откажан пред да започне поради инцидент што ретко се гледа на фудбалските терени.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Како што пренесува германскиот WAZ, судијата во официјалниот извештај запиша:
– За време на проверка на документите меѓу играчите на FC Taxi Duisburg, едно мало дете си играше околу мене. Си приближуваше се повеќе и одеднаш, сосема неочекувано, ме касна за левиот тестис.
Според германските медиуми, станува збор за дете од еден од домашните играчи. Судијата, поради болка и шок, одлучи дека не може да го води натпреварот, па натпреварот беше откажан, иако двата тима сакаа да играат.
Сѐ уште не се знае дали инцидентот ќе има понатамошни последици, но дефинитивно спаѓа меѓу најбизарните настани на фудбалските терени во последно време.