Дома Фудбал Навивачите веќе се бесни: Погледнете како беа дочекани ѕвездите на Реал Мадрид против Леванте (Видео)

Навивачите веќе се бесни: Погледнете како беа дочекани ѕвездите на Реал Мадрид против Леванте (Видео)

Во натпреварот против Леванте фудбалерите на Реал Мадрид го почувствуваа бесот на навивачите од случувањата во клубот.

Имено, при излегувањето на теренот за загревање и на самиот почеток на натпреварот, од трибините се слушнаа гласни свирежи на незадоволство од публиката.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ова е ситуација која на стадионот Сантјаго Бернабеу не се памети, а причина за реакцијата на навивачите беше отпуштањето на Чаби Алонсо, кој на клупата го замени Алваро Арбелоа.

Реал доживеа два последователни порази, против Барселона и Албасете, што нивните навивачи не го простија, па ги дочекаа со големи и силни свирежи.

Посебно на мета беа Бразилецот Виниссиус и Англичанецот Џуд Белингам, кои навивачите ги сметаат за најодговорни за заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал.

Што сè се случуваше на почетокот на натпреварот, можете да видите во приложеното видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ретко се гледа: Арда Ѓулер постигна гол од пола терен! (Видео)

Реал Мадрид без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога и во 28. коло од Ла Лига г…