Дома Фудбал Навивачите со нетрпение го чекаат Алонсо: Шпанецот ги кажал своите планови на Перез

Навивачите со нетрпение го чекаат Алонсо: Шпанецот ги кажал своите планови на Перез

Чаби Алонсо доаѓа на клупата на Реал Мадрид наместо Карло Анчелоти, а младиот шпански експерт веќе ги воодушеви навивачите на кралскиот клуб кога дознаа што е првото што ќе го направи по пристигнувањето во клубот.

Флорентино Перез одлучи да го смени тренерот на крајот од оваа сезона, откако Реал Мадрид целосно потфрли во сите натпреварувања.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Иако Карло Анчелоти требаше да остане уште една сезона, во клубот одлучија дека е време за разделување. Италијанецот се простува од Реал за време на викендот, а веќе идната недела Чаби Алонсо се очекува да биде претставен на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Реал и Алонсо договорија повеќегодишен договор, а шпанскиот тренер неодамна потврди дека го напушта Баер Леверкузен бидејќи повикот од Мадрид не може да се одбие.

Шпанскиот весник „Релево“ пишува дека Алонсо веќе му дал на знаење на Перез дека со своите соработници внимателно ќе го следат и работата во младинските селекции и дека му е целта да промовира што повеќе млади играчи како што тоа одамна го прави Барселона.

Тој на почетокот на тренерската кариера работеше во младинските екипи на Реал Мадрид и знае какви таленти има оваа екипа, и смета дека тие се занемарени бидејќи ретко некој добива шанса да дебитира во првиот тим.

Обично таквите играчи одат на позајмица и се враќаат во Реал ако се докажат во некој друг клуб. Сепак, Алонсо таков систем сака да промени и решен е уште во првата сезона да се сврти кон Кастиља и да промовира неколку младинци во првиот тим.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…