Дома Фудбал Навивачите на Реал бесни на Винисиус: Пеп и Клоп никогаш не би го трпеле ова!

Навивачите на Реал бесни на Винисиус: Пеп и Клоп никогаш не би го трпеле ова!

Веќе извесен период, Винисиус предизвикува негативни реакции кај навивачите на ривалите на Реал Мадрид и во Шпанија и во странство, но сега почнува да ги разочарува и самите фанови на Реал. Тоа се забележа за време на последниот, неповолен резултат на Реал, кога загубија на домашен терен од Хетафе (0:1).

Со вториот пораз во кус временски период од две недели, Реал кој имаше два бода предност пред Барселона, сега има заостанок од четири бода зад неа. Споменуваме дека претходно Реал го загуби Суперкупот на Шпанија и беше исфрлен од Купот на кралот од второлигашот Албасете. Имаат уште 12 кола за да го надоместат заостанокот во лигата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Винисиус, во ваква необична ситуација, се однесува индиферентно и не вложува труд, кажуваат навивачите на Реал, за време на една акција на бразилскиот фудбалер против Хетафе, како и неговата реакција откако не успеа. Реал го имаше потегот да изедначи, а Винисиус ја разгневи публиката со своите постапки при еден од нападите.

“Погледнете го неговото однесување. Имавме двајца играчи во напад, но Вини одлучи да дрибла неколку играчи на Хетафе наместо да ја додаде топката. Се разбира ја изгуби топката и на тоа реагираше со викање на навивачите бидејќи му свиркаа, наместо да се врати назад и да ја продолжи акцијата во одбрана”, забележал еден од навивачите на Реал во врска со изведбата на Винисиус.

Друг навивач додава: “Никогаш во животот не сум видел нешто такво. Емери, Клоп, Пеп, Енрике никогаш не би го толерирале ваквото однесување. Губи топка и наместо да тргне назад, тој застанува и почнува да се расправа со своите навивачи. Не е чудо што му свиркаат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид, Перез подготвува големо изненадување!

Алваро Арбелоа со извесност ќе се раздели од функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот на…