Дома Фудбал Навивачите на Еспањол нема да му го заборават ова: Шчесни со господска изјава ги освои засекогаш

Навивачите на Еспањол нема да му го заборават ова: Шчесни со господска изјава ги освои засекогаш

Барселона синоќа на стадионот на градскиот ривал Еспањол ја обезбеди титулата шампион на Шпанија, а потоа гледавме немили сцени меѓу играчите на двата клуба. Но, меѓу ретките кои покажаа каков господин е беше Војчех Шчесни кој доби дури и пофалби од навивачите на Еспањол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сепак, единствениот кој синоќа ги воодушеви навивачите на Еспањол и покажа дека е вистински господин беше Војчех Шчесни. Не се славеше премногу на теренот и успеа да се воздржи, но внимание привлече неговата изјава.

Шчесни не ја потенцираше толку победата и освоената титула, туку реши да го спомне голманот на Еспањол, Џоан Гарсија, поради што ги доби симпатиите на навивачите на тој клуб, што е навистина ретко.

„Сакам јавно да го пофалам Џоан Гарсија. Мислам дека тој е најдобриот голман на Ла Лига оваа сезона. Пред него е блескава иднина и му посакувам од срце сè најдобро“, рече Шчесни.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете го овој чудесен гол во француското дерби

ЛИОН триумфираше над Рен со 4:2 во 32. коло од француското првенство. Овој важен натпревар…