Дома Фудбал Навивачите на Барселона можат да слават: Еден од најважните во тимот потпиша нов договор!

Навивачите на Барселона можат да слават: Еден од најважните во тимот потпиша нов договор!

Фудбалерот на Барселона, Педри, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека Педри го продолжи договорот со Барселона во присуство на претседателот на клубот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Финансиските детали од договорот не се објавени.

Педри (22) во Барселона дојде во 2019 година од Лас Палмас. Тој има одиграно 174 натпревари за Барселона и постигнато 24 гола.

За репрезентацијата на Шпанија настапил на 30 натпревари и два пати се запишал во листата на стрелци. Со Шпанија го освои Европското првенство во Германија во 2024 година.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го пронајде „новиот“ Лука Модриќ – ќе биде најголемо засилување за Реал Мадрид

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како што стојат работите, Чаби Алонсо го…