
Барселона игра одлична сезона до сега, која сè уште не е ни близу до крај, но веќе се планираат чекори за следната сезона и иднината.
Каталонскиот клуб игра феноменално под водството на Ханси Флик и ова навистина е добра време да се биде навивач на Барселона.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Веќе освоија два трофеи – Суперкупот на Шпанија и Купот на Кралот, а се во игра за уште два големи трофеи.
Во шпанската Ла Лига се први со четири бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид, а во Лигата на шампионите стигнаа до полуфинале.
Во најелитното европско натпреварување, жрепката ги одреди да играат против Интер, а првиот натпревар заврши нерешено 3:3.
Беше вистински спектакл на Монжуик, а патникот во финалето ќе го дознаеме по реваншот што ќе се игра на Џузепе Меаца.
И покрај тоа што оваа сезона не е ни близу до крајот и уште се многу улоги на маса, раководството на Барселона веќе планира за следната сезона и иднината.
Како што наведува новинарот Карлос Монфорт од порталот Jijantes, Деко и раководството на каталонскиот клуб вчера имаа состанок со Рафиња.
Рафиња е еден од главните играчи на Барселона, а темата на состанокот беше продолжување на неговиот договор.
Според зборовите на овој извор, состанокот поминал добро и сите показатели укажуваат дека наскоро ќе биде официјализиран потписот на новиот договор со Бразилецот.
Во Барселона се задоволни со неговите одлични настапи и пристап, и го гледаат како важна алка за нивниот проект.
Често оваа сезона Рафиња беше играчот кој “одлучуваше” важни натпревари во клучни моменти – уште нешто што многу го ценат кај него.
Бразилецот оваа сезона во дресот на Барселона има одиграно 51 натпревар во сите натпреварувања, постигна 30 гола и додаде 25 асистенции.
Навистина одлична ефективност на крилниот напаѓач кој се приклучи на каталонскиот клуб во 2022 година од редовите на Лидс Јунајтед.
Фото: Barcelona FC/X