
Италијанскиот шампион Наполи се поврзал со преставниците на напаѓачот на Генк, Толу Арокодаре, за можноста да го привлечат, јавува Фабрицио Романо.
Како што е познато, „партенопеите“ бараат засилување на оваа позиција по тешката повреда на Ромелу Лукаку, и веќе се зборуваше за нивниот интерес кон Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според трансферниот експерт, цената на Арокодаре е 20-25 милиони евра, а неговиот договор со Генк е за уште две години. Во јануари 2023 година, неговиот тековен клуб вложи 5 милиони евра за да го добие од Амиен. Од тогаш, 24-годишниот играч има постигнато вкупно 41 гол и 12 асистенции во 112 натпревари за тимот.
Минатата сезона, репрезентативецот на Нигерија дури заврши како водечки стрелец во белгиското првенство со своите 17 гола во 30 натпревари, а во новата сезона има 1 гол во 4 настапи, во секој од кои влегуваше како замена. Порано ова лето, тој беше поврзуван со други два италијански клуба – Милан и Аталанта.