Дома Фудбал Наполи не се откажува од врвниот крилен играч

Наполи не се откажува од врвниот крилен играч

Антонио Конте чини напори ова лето во Наполи да доведе еден класичен крилен напаѓач.

Првиот избор беше Болонскиот Ден Ндое, но таа зделка пропадна и Швајцарецот сега е блиску до Нотингем Форест.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вториот избор беше „бомбастичен“, бидејќи Наполи се обиде да му го „украде“ на Интер „пред нос“ Адемола Лукман и да го купи од Аталанта, но Нигериецот тоа го одби и изјави дека сака само во Интер.

Денес италијанските медиуми пренесуваат дека се појавиле уште две сериозни опции и дека Наполи е решен да ангажира или Џек Грилиш од Манчестер Сити или Енрико Киеза од Ливерпул.

Цифрите кои Наполи е подготвен да ги понуди за овие двајца не се објавени, но се верува дека нема да надминат 15.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…