
Најновото засилување на Милан, Ардон Јашари, го даде своето прво интервју за клубската телевизија. Во него, играчот на средината на теренот објасни зошто толку многу сакаше да премине единствено во составот на „росонерите“ и исто така посочи со што може да помогне на тимот.
„Фантастично е да сум овде по последните неколку недели. Конечно дојдов и сум навистина горд што сум дел од овој историски клуб. Сакам да го вратам овој тим таму каде што заслужува да биде, освојувајќи трофеи и натпревари. Ќе дадам сè од себе. Штом дознав за интересот на Милан, почувствував гордост, но пресуден беше проектот кој ми беше претставен нам и на моето семејство. Така што, кога решив да дојдам во Милан, дадов збор. За мене тоа отсекогаш било сон од детството. Во моето семејство и меѓу моите пријатели секогаш сме го дискутирале Милан. Сега овој сон се оствари.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Се инспирирав дефинитивно од Роберто Баџо и Андреа Пирло. Ми се допаѓаше како тие играа, технички беа многу добри. Нивните завршни пасови, креативноста… Овие се работи кои се обидувам да ги внесам во мојата сопствена игра. Така што би ги издвоил овие двајца поранешни миланисти. Фантастично е што ќе играм заедно со Лука Модриќ. Да го започнам моето авантура овде со неверојатен играч кој постигнал толку многу, може само да ми помогне. Сакам многу да научам од него, да го слушам и да видам каков е на теренот и надвор од него“
.