Дома Фудбал Најголемиот летен трансфер е договорен: Ѓокереш одлучи за кого ќе потпише

Најголемиот летен трансфер е договорен: Ѓокереш одлучи за кого ќе потпише

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш ова лето ќе биде меѓу главните мети кога станува збор за трансфер периодот, но изгледа дека веќе е јасно во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Ѓокереш оваа сезона игра во неверојатна форма во дресот на лисабонскиот Спортинг, и е јасно дека португалскиот клуб тешко ќе го задржи во своите редови летово.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако летниот трансфер период започнува дури во јули, интересот за овој напаѓач е неверојатен бидејќи многу клубови би го довеле со задоволство.

Но, како што стојат работите, Ѓокереш ќе ја продолжи кариерата во Англија и изгледа дека веќе донел одлука во кој клуб.

Интерес за него покажаа Ливерпул, Челси и Арсенал со кои овој 26-годишник е во контакт, но како што пишуваат медиумите во Португалија, познато е кој е неговиот „фаворит“ од тие клубови.

Португалска „А Бола“ утринава пишува дека Ѓокереш им соопштил на челниците на Спортинг дека сака да оди во Арсенал и дека со лондонскиот клуб веќе сè договорил, и понудите на другите клубови воопшто не го интересираат.

Најмногу пари му нуди Челси, а Ливерпул му гарантираше место на првиот напаѓач. Но, Ѓокереш верува дека Арсенал е најдобриот избор за него и дека најдобро би се вклопил во екипата на „Емирати“.

Фото: Sporting Lisabon/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ во Милано го носи асот на Манчестер Сити!

Како што пренесуваат британските медиуми, Лука Модриќ, кој сè уште игра на фантастично нив…