Дома Фудбал Наиголан жестоко удри по поранешниот селектор: Играта беше само додај на Де Брујн, додај на Азар…

Наиголан жестоко удри по поранешниот селектор: Играта беше само додај на Де Брујн, додај на Азар…

Раџа Наинголан одново се осврна со остра критика кон поранешниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез, овој пат во интервју за Јутјуб каналот на Жуниор Вертонген.

Поранешниот играч од средината на теренот на Рома и Интер, кој сега игра за белгискиот Локерен, тврди дека шпанскиот стратег му ја уништил репрезентативната кариера „без причина“ и дека Белгија можела да освојува трофеи само да имала вистински селектор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не го имав влијанието што можев да го имам, но тоа не зависеше само од мене. (Марк) Вилмотс не ме ставаше во стартната постава на Европското првенство 2016, но се докажав таму. Потоа дојде Мартинез и ме исфрли од тимот без објаснување. Неговите причини беа бесмислени. Според мене, тој не е фудбалски експерт и е многу лош тренер“, изјави Наинголан.

Наинголан, кој сега има 36 години, смета дека Белгија пропушти историска шанса поради погрешните одлуки на сојузот.

„Да инвестиравме барем еднаш во добар селектор, ќе можевме да освојуваме трофеи. Белгија имаше генерација способна за тоа“.

Поранешниот ас на Рома е убеден дека Мартинез никогаш не создаде препознатлив идентитет на тимот, туку се потпираше исклучиво на индивидуалните потези на Еден Азар, Кевин Де Брујне и Ромелу Лукаку.

„Кој и да каже дека Мартинез е добар тренер – не разбира фудбал. Добар тренер му дава тимот идеја. Ние тоа го немавме. Кога стануваше тешко, секогаш беше исто: дај топка на Азар или Де Брујне и да се надеваме дека нешто ќе направат. Тоа беше тактиката“.

Тој тврди дека Белгија под водство на Мартинез немала ниту структура ниту план на играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешната ѕвезда на Тотенхем може брзо да се врати во Европа и тоа – во Барселона!

Хјонг Мин Сон, играчот на Лос Анџелес, наскоро би можел да се приклучи на Барселона како п…