
Португалскиот тренер не е подготвен да се откаже од своите идеи, и покрај тоа што на почетокот на сезоната резултатите не се позитивни.
Сезоната за Манчестер Јунајтед е уште една во процес на транзиција. Во Премиер лигата, по четири кола, „Црвените ѓаволи“ имаат само четири бодови, а поразот во градското дерби против Сити, без да успеат да постигнат гол (0:3), посебно боли..
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Претходно, Јунајтед беа елиминирани во второто коло на ЕФЛ Купот од тимот на Гримзби, кој е дел од четвртата лига. Логично, тренерот Рубен Аморим е мета на критиките, но имаше што да каже на оваа тема пред новинарите во понеделникот.
По поразот во дербито, Аморим отвори дискусија околу својата позиција во управата на Јунајтед, напоменувајќи дека нема намера да ја промени својата филозофија.
Португалскиот стратег изјави дека моментално страда повеќе од навивачите на Манчестер Јунајтед, но инсистираше дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ја подобри ситуацијата.
„Ќе направам сè што можам за Јунајтед. Ова е мојата порака до навивачите. Ќе страдам повеќе од нив. Нема да ја менувам својата филозофија. Ако управата бара смена на филозофијата, тогаш мора да сменат тренер“, изјавил Рубен Аморим, оставајќи ги сите опции отворени.
Во следното коло, Јунајтед, на „Олд Трафорд“, ќе се сретнат со Челзи во дербито на рундата, во сабота.