Дома Фудбал На адресата на Манчестер Јунајтед пристигна понуда од 115 милиони евра за Бруно Фернандеш

На адресата на Манчестер Јунајтед пристигна понуда од 115 милиони евра за Бруно Фернандеш

Во управата на Манчестер Јунајтед никогаш не е досадно, а денес на адресата на овој клуб пристигна огромна понуда за еден од најдобрите играчи.

Се работи за понуда која дефинитивно ќе го натера техничкиот директор Џејсон Вилкокс и Сер Џим Ретклиф да размислат добро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од неговото доаѓање на Олд Трафорд, Бруно Фернандеш ги освои срцата на навивачите на Манчестер Јунајтед и покажа дека е верен војник на клубот.

Оваа лојалност беше тестирана и со понудата од Саудиска Арабија пред две години, како и минатото лето.

Минатата година Бруно Фернандеш доби понуда да заработи во Саудиска Арабија дури 230 милиони евра за три години.

Тогашната понуда од Саудиска Арабија имаше ултиматум од 72 часа, а Бруно Фернандеш одлучи да ја одбие.

Англиските медиуми сега тврдат дека челниците на Ал Хилал се вратиле овој јануари и дека овој пат сакаат да направат сѐ за да го доведат Фернандеш во својот клуб.

Имено, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигна понуда токму од Ал Хилал, вредна 115 милиони евра.

Бруно Фернандеш би имал неделна плата од 700 илјади евра, што е нешто што никогаш не би можел да добие во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ја одреди сумата за која би го продал Роџерс Мато

Вардар во изминатите денови одби понуда од 350.000 евра од шкотскиот Хартс за својот најдо…