Дома Фудбал На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

По првпат во кариерата на капитенот на Португалија, беше исклучен додека играше за националниот тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во својата 40-та година, Роналдо го доби својот прв црвен картон како фудбалер на репрезентацијата.

Се случи во неговиот 226-ти натпревар за националниот тим, за првпат во 22 години игра во А селекцијата.

Ова непредвидливо случување во кариерата на португалскиот капитен не успеа да помине без интервенција на ВАР. Во 59-та минута тој го удри со лакот на дефанзивецот на Ипсвич Таун, Даро О’Шеа, по што беше исфрлен.

Во почетокот, судијата му покажа само жолт картон, но по преглед на видеото, промени одлуката и му додели директен црвен картон.

Роналдо го напушти теренот пред соочен со свирежите на публиката, а при заминувањето иронично аплаудираше и се обрати кон селекторот на Ирска, на кој што претходно му беше наведено дека се обидува да влијае на судиите.

Во завршницата, тие се поздравија, како знак на помирување.

Во неговата цела кариера, ова е 13-ти пат Роналдо да биде исклучен, деветти пат со директен црвен картон.

Шест исклучувања му се случија во Реал Мадрид, пет во Манчестер Јунајтед и едно во Јувентус.

Доколку биде казнет со два натпревари суспензија, може да го пропушти првиот натпревар на Светското првенство 2026 (доколку Португалија обезбеди директен пласман во недела).

Ако Португалија оди на бараж, тој ќе има шанса да игра веќе на почетокот на следната година — под услов нивниот тим да се квалификува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапо ќе го чини кажаното! Судиите возвратија силен удар на Флорентино Перез!

Тежок ден за првиот човек на Реал Мадрид, а причината е силниот удар кој му го подготвија …